23:11 - 5 април, 2026

(Фото) Џони Деп не изгледа најдобро, се движи со бастун: Се враќа на концертите

60-годишниот американски пејач и актер Џони Деп е виден со бастун. Ѕвездата пристигна во Бостон на настап со својот бенд The ​​Hollywood Vampires, кој првично беше одложен поради неговата повреда на глуждот.

Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ се смешкаше и покрај тоа што користеше бастун за да се движи. Сепак, многу од неговите фанови забележаа дека не изгледа најдобро.

Деп носеше предимензиониран црно-бел кариран блејзер во комбинација со кариран елек со копчиња и бела маица одоздола. Изгледот го надополни со сиви панталони, качкет, слоевити ѓердани и очила за сонце.

Инаку, холивудскиот актер го скрши глуждот додека го промовираше својот најнов филм „Jeanne Dubarry“ на Канскиот филмски фестивал. Повредата се влошила кога Џони настапил на специјална емисија во чест на својот пријател гитарист Џеф Бек. Поради неговата состојба, мораше да се откажат неколку концерти на бендот.

The ​​Hollywood Vampires се основани во 2012 година од Алис Купер, Џони Деп и Џо Пери. Сакаа да го оживеат духот и атмосферата на „The ​​Hollywood Vampires“ – познатиот клуб кој постоеше во 1970-тите, во кој редовно излегуваа Кит Мун, Џон Ленон, Ринго Стар и други легенди на рок музиката.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....