7.8 C
Скопје
06:05 - 18 март, 2026

(Фото) Џенифер Лопез „вреска“ во латекс додека Мат Дејмон го поддржува Афлек: „Се знаеше дека нема да трае…“

Пејачката и актерка Џенифер Лопез позира во суперсекси издание среде гласините за раскинување со Бен Афлек.

Славната личност објави фотографии на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

54-годишната Џенифер Лопез „вреска“ од сексапил облечена во црвен горен дел дизајниран од ремени и латекс здолниште со молив-крој.

Актерката носеше и златен накит: масивни обетки, ѓердан од Версаче, неколку нараквици и прстени.

Во меѓувреме, стана познато зошто најдобриот пријател на Афлек, Мет Дејмон бил исклучително против неговата повторна врска со Џенифер Лопез, како и против влегувањето во брак на двајцата. Токму Мет сега и најмногу го теши и поддржува Афлек.

„Мет се обиде да го предупреди Бен кога ѝ се врати на Џеј Ло дека може бргу да се разделат. Мет беше таму за да му помогне на Бен да се опорави од нивното прво раскинување и знаеше дека тоа би можело да се повтори“, изјавил инсајдер за Дејли меил кој причината ја гледа во „преголемите разлики во карактерот“ на двајцата.

Според изворот, Мет Дејмон е подготвен и сега да го поддржи секој избор на Афлек. Сепак, тој го замолил својот пријател да се концентрира на кариерата и да не губи време на Џенифер Лопез, како минатиот пат.

Првата свршувачка на Бен Афлек и Џенифер Лопез се случи во 2002 година, но во 2004 година љубовниците ја откажаа венчавката и раскинаа. Во 2021 година, актерот и пејачката повторно се здружија, а се венчаа во летото 2022 година.

Во мај се појавија гласини дека Џенифер Лопез и Бен Афлек имаат сериозни проблеми во врската. Беше објавено дека актерот се иселил од нивната куќа и се преселил во изнајмена куќа во близина на поранешната сопруга Џенифер Гарнер, и нивните заеднички деца.

Слични објави

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....