03:45 - 3 април, 2026

(Фото) Џенифер Лопез ја покажа домашната семејна гозба, вкусни јадења за Афлек, сестрите и децата

Џенифер Лопез и Бен Афлек го прославија првиот Ден на благодарноста (се славеше на 24 ноември) како маж и жена. Пејачката вчера објави серија фотографии направени за време на празничниот викенд.

Изборот фотографии кои ги постираше вклучува и фотографии од патување со децата, но и од домашна семејна гозба (меѓу гостите беа и сестрите Лопез).

Не е познато дали децата на Бен од Џенифер Гарнер биле присутни на прославата, но порано често им се придружувааа на Џеј Ло и Бен на прошетки, па дури и на патувања во странство, а самата пејачка истакна дека сите одлично се сложуваат.

Џенифер Лопез и Бен Афлек со нејзината ќерка Ема (во позадина)

Џенифер Лопез со сестрите Лесли и Линда

Непосредно пред ова, пејачката ги избриша сите стари објави од Инстаграм за да го разбуди интересот на фановите за големата најава – објавувањето на нејзиниот прв албум по девет години, „Ова сум јас сега“ – своевидно продолжение на албумот „Ова сум јас потоа“, кој беше објавен во 2002 година, токму на почетокот на нејзината прва романса со Афлек.

Двојката повторно се обедини во 2021 година, набргу откако Лопез ја заврши свршувачката со Алекс Родригез. Во јули 2022 година, Бен и Џенифер се венчаа во Лас Вегас, а подоцна направија целосна свадба на имотот на актерот во Џорџија.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....