7.8 C
Скопје
10:03 - 1 април, 2026

(Фото) Џена Џејмисон стапи во брак со девет години помлада девојка: „Не знам зошто се забавував со мажи“

Поранешната порно ѕвезда Џена Џејмисон третпат стапи во брак, овојпат со жена.

Таа објави дека и кажала „да“ на својата девојка Џеси, која е девет години помлада од неа, минатиот месец во Лас Вегас.

„Знаев дека ќе го добијам тоа што го сакам. Таа вреди. Таа ми постави предизвик, а јас навистина ги сакам предизвиците. Знаев дека треба да бидам трпелива и да чекам. И таа дојде”, изјави Џена.

Џена откри дека е бисексуалка во 2004 година, а потоа во едно интервју во 2008 година изјави дека е „сто проценти хетеро“. Сепак, потоа следува нејзиното последно интервју за магазинот People во кое таа рече дека се прашува зошто воопшто се забавувала и била со мажи.

„Мислам дека е малку себично да се каже, но сакав деца“, вели Џена, која има три деца.

„И сега, кога конечно се пронајдов себеси, прифаќам се што чувствувам длабоко во себе и повеќе не го потиснувам“, рече таа.

Двојката се запознала на Тик Ток. Џена ја следела Џеси и ги коментирала нејзините објави. Џена на почетокот не била заинтересирана за врска, но сепак се случило.

 

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....