01:41 - 6 април, 2026

(Фото) Џејсон Момоа е бог на океаните, ѕвездата престојува во Лисабон на конференција на ОН

Денеска се отвора Конференцијата на Обединетите нации на тема за спасување на океаните и посветеноста на животната средина. Ѕвезда на настанот очигледно е Акваменот Џејсон Момоа кого ОН го именуваа за „Специјален пратеник на океанот“

Глумецот веќе извесен период е активен на полето на заштита на животната средина.

„Сега е време да се дејствува. Нашите океани се во неволја. Ако ги споиме амбициите, посветеноста и надежта, можеме да направиме промена со позитивни резултати“ – рече Момоа.

Облечен во бела ленена кошула, со трегери, актерот родум од Хавај пред новинарите потоа рече дека „со голема почит, восхит и понизност се приклучувам на семејството на Обединетите нации и преземам работа од фундаментално значење за управување, заштита и сочувување на океанот и сите живи суштества на оваа прекрасна сина планета“.

Конференцијата на Обединетите нации за океаните (UNOC), коорганизирана од Португалија и Кенија, денеска се одржува во Лисабон. Во главниот град на Португалија, цела недела, шефови на држави и влади, претприемачи и научници, ќе се собираат за да разговараат за добросостојбата на 70% од планетата, онаа покриена со вода, од која силно зависат преостанатите 30%.
Мотото е : „Зачувај ги и користи ги океаните, морињата и морски ресурси“.

принтскрин

Пред два дена, генералниот секретар на ОН, Португалецот Антонио Гутереш, им рече на толпата млади луѓе: „Сакам да ѝ се извинам на вашата генерација, во мое име, за состојбата на океаните и биолошката разновидност“.
Исто така Гутереш, неколку дена претходно, соочен со поплаките на некои учесници на UNOC за присуството на руска делегација, инсистираше на потребата да учествува и Кремљ: „Сите земји кои придонесуваат за создавање на проблемот мора да придонесат и за решавање на проблемот“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....