Деа Ѓурѓевиќ ќе стане мајка за само три месеци. Српската водителка моментално е бремена шест месеци, а сега се појави во емисијата „Магазин ин“ и покажа како изгледа.
Во бел фустан од чипка со насмевка на лицето, Деа блескаше, па многумина заклучија дека нејзината бременост многу ѝ годи.

По гостувањето во емисијата, водителката отиде во спа-центар и го сними тој момент и го објави на социјалната мрежа Инстаграм.
– 23 недели бременост, не е толку лошо – напиша Деа.
А, додека гостуваше во емисијата „Магазин ин“, Деа откри дека избрала име за својата ќерка.

– Тоа е Ирис. Една Ирис е во стомакот, таа е на телевизија за првпат – рекла Деа, која ги сподели деталите од нејзината љубовна приказна со Лазар, за кого се омажи.

– Навистина се случи петнаесет години подоцна. Не се бевме виделе петнаесет години, бевме заедно од средно училиште… Потоа се видовме по петнаесет години и како никогаш да не престанавме да се дружиме. Се видовме два или трипати и за помалку од една година се венчавме, забременив и почнавме да живееме заедно, сè за помалку од една година – раскажала Деа.
