11:50 - 12 април, 2026

(Фото) „Да имаш сила кога е тешко“: Соња Тарчуловска ја покажа сестра си

Соња Тарчуловска ја покажа својата сестра, која ѝ е голема утеха по загубата на мајката и објави посебна приказна за неа.
„Среќен роденден, сестро моја. Растевме заедно, како едно срце, делејќи соништа, радости и тишини што само ние ги разбираме. Иако животот нè однесе по различни патишта, никогаш не престанавме да бидеме поврзани – засекогаш врежани една во друга, како едно.
На овој твој ден ти посакувам да ти се оствари најголемата желба што длабоко ја носиш во срцето. Да имаш сила кога е тешко, мудрост кога се двоумиш и мир кога ти е најпотребен.
Биди храбра – како жена, како мајка, како човек. Биди горда на сè што си поминала и на сè што допрва ќе дојде. Животот нека ти врати со љубов за сета добрина што ја носиш во себе.
Те сакам повеќе отколку што можат зборовите да кажат. Секогаш ќе бидам тука за тебе – како сестра, како пријател, како дел од твојата душа.
Среќен роденден“, напиша фолк пејачката.

Таа исто така му го честиташе именденот на синот Младен, кој е ракометар.

Мајката на Соња почина при крајот на 2023 година.

Слични објави

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.
Се вчитува....