6.8 C
Скопје
08:48 - 1 април, 2026

(Фото) Бриџит Фонда е непрепознатлива со многу килограми на себе: Седа коса и запуштен изглед

Актерката Бриџит Фонда се повлече од Холивуд во 2002 година и оттогаш се крие од папараците.

Актерката Бриџит Фонда (59) беше снимена викендов во Лос Анџелес. Некогаш една од најголемите филмски ѕвезди, денес е целосно непрепознатлива поради вишокот килограми, а долги години избегнува јавни настапи.

Папараците ја фотографираат само кога случајно ќе ја „уловат“ кога оди на шопинг, секогаш облечена во широка облека, без шминка и со несредена коса.

Последен пат Бриџит беше видена во јавност во септември 2022 година, а од Холивуд се повлече во 2002 година. Колку не и се допаѓа вниманието, доволно говори фактот што по пензионирањето во јавноста е видена дури 12 години подоцна. Тогаш првпат ја покажа сивата коса и очилата кои ги носи и денес.

Најмногу ја паметиме по улогата во филмот „Џеки Браун“ на Квентин Тарантино. Таа беше на врвот на својата слава во 80-тите и 90-тите години.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....