5.8 C
Скопје
03:55 - 31 март, 2026

(Фото) Бредли Купер си фати нова супермоделка, а не е Ирина Шајк: Еве со која убавица излегува актерот

28-годишниот американски супермодел Џиџи Хадид и актерот Бредли Купер (48) се уловени заедно во Њујорк. Веста и фотографиите прв ги објави таблоидот Дејли Мејл.

Познатите личности уживаа во вечерата на изненадување на многумина, неколку месеци откако Хадид ја прекина романсата со Леонардо ди Каприо (48), кој сега е во врска со колешката – италијанска манекенка Виторија Серети.

Џиџи носеше кафеаво мини здолниште додека одеше покрај Купер и неговиот телохранител пред двајцата да влезат во истиот автомобил и да тргнат заедно во непознат правец.

Џиџи го комплетираше изгледот со бела кратка маичка и кожена јакна. Ѕвездата на модните писти со палестинско потекло носеше црни мокасини во комбинација со бели чорапи.

инстаграм

Бредли Купер носеше сина маица, карирана кошула и фармерки во комбинација со бејзбол капа и постојано гледаше во телефонот.

Потсетуваме, Купер и Ди Каприо се пријатели долги години, но првпат се запознале кога имале дваесет години, тогаш Бредли работел во хотел во Њујорк и ѝ помагал на ѕвездата од Титаник да стигне до неговата соба со куферите.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....