7.8 C
Скопје
21:45 - 30 март, 2026

(Фото) Бред Пит згоден во тркачко одело на Ф1: Од филмски сет на трибини во Силверстоун

Во претстојниот проект, актерот ќе игра пензиониран тркач на Формула 1 кој сепак одлучува да се натпреварува против најголемите титани во спортот.

Холивудскиот актер Бред Пит (59) пристигна на трката за Големата награда на Формула 1 во Силверстоун облечен како измислен Ф1 пилот  – поточно како Сони Хејс од неговиот нов филм кој е во процес на снимање.

Ѕвездата на Fight Club го привлече вниманието со бел тркачки костум и соодветни патики. На неговиот костим беа истакнати логоата на спонзорите на неговиот лик во претстојниот филм. Својот изглед го комплетираше со пар стилизирани авијатичарски очила за сонце.

Во Апекс, холивудскиот актер се очекува да се трка во адаптиран тркачки автомобил што Формула 1 неодамна го дизајнираше. Пит тренираше да вози во Формула 2 болиди два месеци, прво на патеката Пол Рикар во Франција, а потоа и на Силверстоун.

Во претстојниот проект, ѕвездата на Fight Club ќе игра пензиониран тркач кој решава да се натпреварува заедно со дебитант против најголемите титани во спортот.

Филмот ќе го режира Џозеф Косински, најпознат по неговата работа на Топ Ган: Маверик. Филмот за копродуцент ја има ѕвездата на Формула 1, Луис Хамилтон, заедно со План Б Ентертејмент и Џери Брукхајмер Филмс.

 

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....