29.8 C
Скопје
23:04 - 23 август, 2026

(Фото) Борис Бекер се ожени по третпат: Која е избраничката на тениската легенда

Легендарниот германски тенисер, 56-годишниот Борис Бекер, кој одлежа осум месеци во британски затвор за затајување данок, а потоа прогласи банкрот, се ожени по третпат, пишува Вог.

Избраната девојка на шесткратниот победник на Грен слем е 33-годишната менаџерка за политички ризик Лилијан де Карваљо Монтеиро, со која Борис се забавуваше од 2019 година, а во пролетта 2024 година ѝ предложи брак. Родена е во малата африканска островска држава Саун Томе и Принсип, а од детството живее во Рим. Познато е дека има три завршени факултети, зборува пет јазици и е сопственичка на миланската компанија Монфорте комуникации.

принтскрин инстаграм Вог Германија
принтскрин инстаграм Вог Германија
принтскрин инстаграм Вог Германија
принтскрин инстаграм Вог Германија

Парот, кој живее во Милано, го избрал крајбрежниот италијански град Портофино како место за свадбената прослава на која присуствувале околу 85 гости. Конкретно, на младенците дојдоа да им честитаат легендарниот холандски фудбалер Руд Гулит, германскиот актер и модел Борис Коџо, претседателот на АТП Андреа Гауденци, како и Ноа и Елијас Бекер, синовите на Борис од првиот брак.

Да потсетиме, Борис Бекер е олимписки шампион од 1992 година во двојки, двократен победник на Дејвис купот и најмлад шампион во историјата на Вимблдон (на 17 години). Во 2003 година, германскиот државјанин, кој живееше во Лондон од 2012 година, беше примен во Меѓународната тениска куќа на славните.

Тениската легенда веќе двапати беше во брак – од 1993 до 2001 година со германската актерка Барбара Бекер (сега таа има 57 години), а од 2009 до 2018 година со холандската манекенка Лили Бекер (47).

Борис Бекер има четири деца – 30-годишниот Ноа, 25-годишниот Елиас, 24-годишната Ана и 14-годишниот Амадеус.

Слични објави

Емина Јаховиќ потрошила милион евра за нов стан, а веќе мисли да се сели: „Што ми требаше ова, зошто сум овде?“

Т.Ц.

„Најголема победа е да израснат во добри луѓе“ – Сергеј Ќетковиќ отворено за посвојувањето на ќерките

Т.Ц.

Нина Бадриќ повторно воодушеви со беспрекорниот изглед, изгледа како холивудска дива

Т.Ц.

Неделен хороскоп од 24 до 30 август: Љубовни пресврти, нови можности и важни одлуки

Т.Ц.

(Видео) Сања Николиќ слави 44. роденден, Слаткар ја бакна среде сцена и ѝ прати љубовна порака

Еспресо

(Фото) Каде летува Уна Чолиќ, ќерката на Чола?

Еспресо
Се вчитува....