Девојката на актерот Лазар Ристовски, Аница Лазиќ, го оперирала носот и објави нови фотографии на својот профил на социјалните мрежи.

Таа и самата ја потврди веста:
„Го оперирав носот. Докторот ми рече дека така е најдобро, имав девијација, но ја коригира малку и естетски. Операцијата ја имав неодамна, самошто ми ги отстранија конците и сè уште се опоравувам – рече Аница и додаде дека поради операцијата не го прекинала снимањето, туку редовно работи на новите проекти.
„Морам да снимам, па не можев да кријам, ниту сакам да кријам“, кажа девојката на познатиот актер Лазар Ристовски.
View this post on Instagram
Инаку, врската на Аница и Лазар од самиот почеток ги привлекуваше очите на јавноста, а Аница еднаш откри како се запознале таа и Лазар.
„Лазар и јас се запознавме без каков било посредник, единствениот посредник беше Бог. Се сретнавме во Белград, се погледнавме неколку секунди, а потоа се прегрнавме. По тој преграток седнавме и разговаравме со часови. Кога ме прашуваат од кога сме заедно, јас велам од првиот момент кога се погледнавме. Имавме разговори за тоа дали треба да излеземе во јавност и да кажеме дека сме заедно. Се договоривме дека треба ние да ја соопштиме веста, Лазар не би бил Лазар да не го направеше тоа на свој начин“, рече тогаш таа и додаде дека на почетокот тешко се носела со притисокот од јавноста.
