5.8 C
Скопје
07:10 - 1 април, 2026

(Фото) Адријана Лима се врати во топ форма, вака од „дебела“ се станува кралица: Во проѕирен фустан блесна и им ги затвори устите на сите!

Манекенката на Викторија Сикрет Адријана Лима до неодамна добиваше бројни критики дека се запуштила и не внимавала на линијата, дека премногу се здебелила и дека е далеку веќе од ангел на Викторија сикрет.

Промената на телесната тежина на убавицата, една од најплатените топ модели во светот, се должеше на третата бременост кога се здебели за повеќе од 20 килограми.

Но, слаба или „дебела“, Андријана Лима уште еднаш докажа дека е кралица меѓу најубавите жени во светот.

Имено, бразилскиот супермодел, го посети филмскиот фестивал во Таормина, Сицилија, и буквално – блесна!

42-годишната Адријана Лима на спектакуларен начин се појави на црвениот тепих на најстариот Филмски фестивал во Италија. Таа носеше проѕирен смарагден фустан со длабоко деколте и шлиц до бутот.

Супермоделот дојде на настанот со своето момче, продуцентот Андре Лемерс.

Во август 2022 година, парот го доби своето прво дете, Саијан.

Бразилката има и две ќерки со поранешниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ: 13-годишната Валентина и 10-годишната Сиена. Двојката беше во брак од 2009 до 2016 година.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....