Водителката Јелена Спенџарска откри дека на нејзината мајка конечно ѝ се исполнила желбата, да ја запознае Лила Филиповска.
„Мама конечно ја запозна Лила Филиповска“, напиша Јелена до инстаграм-приказната која ја сподели, а на неа е со мајка ѝ и со Лила на настан. На сликата, а и на други кои се споделени претходно, мајката на Јелена изгледа како да ѝ е сестра.
Јелена Спенџарска неодамна раскажа за турболентниот период кога многу често морала да се сели и да го менува домот. Таа го покажа новиот стан и во детали раскажа како ужива во него и како го средувала.

„Домот е таму каде што е срцето. Знам, звучи клише, ама навистина е така. Јас барем сменив многу домови низ годините. И знаете како е, под кирија во еден стан, па во друг и едноставно чувствувате дека не припаѓате таму. Па, од искуство точно знаев каков сакам да биде тој мој дом еден ден кога ќе си го купам“, рече водителката.
