5.8 C
Скопје
20:59 - 20 февруари, 2026

Филмската академија ќе ѝ се извини на глумицата која професионално е бојкотирана и дискриминирана од Оскарите 1973

Филмската академија ќе биде организатор на вечер за „разговор, исцелување и изведба“ која ќе ја предводи индијанската активистка и актерка Сачин Литлфедер.

Во текот на вечерта, Академијата официјално ќе и се извини на актерката која со децении трпи злоставување во филмската индустрија откако се појави на доделувањето на оскарите во 1973 година.

Литлфедер тогаш се појави на сцената за да ја одбие наградата за најдобар актер на Марлон Брандо, што било негова желба. Наместо тоа, таа одржала едноминутен говор за стереотипите и малтретирањето на американските Индијанци во забавната индустрија и масакрот во Wounded Knee во Јужна Дакота.

Во понеделникот, Академијата призна дека сега 75-годишната актерка веќе педесет години е „професионално бојкотирана, злоставувана, напаѓана и дискриминирана“.

„На 17 септември, придружете ѝ се на Сачин Литлфедер во Музејот на Академијата за една вечер на разговори, исцелување и изведба додека се сеќаваме на влијанието на нејзиниот говор на 45-тото доделување на наградите на Академијата (што може да се погледне во Галеријата за историја на Оскарите)“, објави организацијата на Твитер.

„Сачин ве поканува да прославите со настапи во живо на индиски уметници, за време на кои Академијата ќе и го упати долгоочекувано извинување на актерката“.

Слични објави

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо

(Фото) Азис си стави силикони, па се огласи од болничкиот кревет: „Со текот на времето ќе се намалат“

Еспресо

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо
Се вчитува....