22:00 - 22 декември, 2024

Фијаското на докторот кој имаше лек за сè: Од „кетони од малини“ до љубов кон Трамп, зошто веќе никој не му верува на Волшебикот од Оз?

Се сеќавате на доктор Оз? Најчесто облечен во сина лекарска униформа го одвои светот со сопствената емисија за здравје. Нудеше кетони од малина како чудотворна напивка за согорување маснотии, корен од умкалеобо за лекување на настинка, сапун од лаванда како лек против грчеви, астролошки „висоци“ – за подобро разбирање на здравјето. Сепак, во ѕвездите не си го виде сопствениот дебакл.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Oz (@dr_oz)

Д-р Оз изгуби. За околу сто илјади гласови, демократот Џон Фетерман, џин во црн дуксер, ќелав, и со многу тетоважи, „железен анти-Трамповец“ како што го дефинира американскиот печат, е новиот сенатор од Пенсилванија, клучна држава за демократите. Фетерман го победи републиканецот Мехмет Оз, познато телевизиско лице во САД (но и во светот), кој правеше „бум“ со емисијата за здравје под името „Д-р Оз“. Првиот доби 50,4% од гласовите, вториот 47,2%, потврдувајќи ги стравувањата на Трамп, кој веќе во август, се доверил на блиските сопартијци дека го претчувствува дебаклот на Оз. Според „Тајм“, Фетерман победил на изборите зашто „знаеше дека гласачите во Пенсилванија ќе одговорат на кандидатот кој изгледа како дечко од Пенсилванија, кој пазарува во нивните продавници, навива за нивните спортски тимови и ги споделува нивните локални шеги. Тој знаеше дека луѓето лошо ќе реагираат на неговиот противник, д-р Мехмет Оз, вешт телевизиски лекар од Њу Џерси.“ Но, за кого зборуваме? Мехмет Оз (62) е кардиохирург роден во Турција, дипломирал на Харвард, а предавал на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Муслиман, оженет со Лиза со која имаат четири деца. Го видовме како прави сè на телевизија, не само што им објаснуваше и разговараше со гостите, туку и „тестираше“ на себе различни тренинзи и пијалоци. За брчки на лицето? Ненесуваше „во живо“ хидратантна маска. Нов вид слабеење? Лежеше на земја и ги започнуваше вежбите. Накратко, за просечниот гледач, шоуто на Д-р Оз беше забавен парк.  Емисијата пристигна во Македонија во 2012 година, додека во Америка беше лансирана во 2009, како „спин-оф“ на познатото ток-шоу на Опра Винфри. Во 2016., во емисијата беше гостин и Доналд Трамп (кој подоцна го вклучи во Претседателскиот совет за спорт , Фитнес и Исхрана за време на неговата администрација, пред Бајден да го отстрани).

Фото Инстаграм

Трговец на антинаучни теории

Гледачите речиси слепо му веруваа на д-р Оз. И покрај предупредувањата од министерставта за здравство од повеќе земји низ светот – граѓаните да се консултираат со лекар пред да преземат нешто што ќе им биде предложено за време на емисијата, сепак, гледачите беа маѓепсани и„лудо“ ги купуваа сите производи што д-р Оз им ги препорачуваше. За нив тој беше како Волшебникот од Оз во романот на Л.Френк Баум. Всушност, шоуто беше огромен ТВ хит. Како што објасни Оз: „Освоивме десет Еми награди и го одрживме најуспешното здравствено шоу во светот кое инспирираше милиони да се грижат за своето здравје“. Сепак, една студија од 2014, спроведена  од „Бритиш медикал журнал“ што го анализираше преносот, нашла научна потврда само во 46% од препораките на Оз, односно се докажа дека со текот на емисиите лекарот поддржувал премногу антинаучни идеи кои не треба да се сфатат сериозно.

За време на пандемијата промовираше антималаричен лек, спонзориран од  Доналд Трамп, како третман што делува против вирусот. Подоцна се докажа дека лекот може да предизвика абнормалности на срцевиот ритам, сериозно воспаление на црниот дроб и откажување на бубрезите

Мехмет Оз имал повеќе животи: откако бил кардиохирург (се откажал во 2018 година), заработил богатство како продавач (иако никогаш не ја разјаснил својата врска со фармацевтските компании), а во поново време се обидуваше да ја искористи својата популарност како републикански кандидат. Во својата трка за Сенатот, Мехмет Оз се обиде да ги остави зад себе сите врски со фармацевтските и нефармацевтските компании, дури и затворајќи ги страниците на социјалните мрежи со видеата од емитувањата.

Духовите од плакарот

Но, какви „костури“ сокри во плакарот? За време на пандемијата ковид-19, тој промовираше хидроксихлорихин, антималаричен лек кој исто така го спонзорираше Доналд Трамп, како третман што делуваше против вирусот. Подоцна се докажа дека лекот може да предизвика абнормалности на срцевиот ритам, сериозно воспаление на црниот дроб и откажување на бубрезите, но и неефикасност во лекувањето на вирусот.

д-р Оз со сопругата

Дополнително, Оз имаше акции во вредност од најмалку 630.000 долари во две компании кои го продаваа производот. Со поразот на изборите за среднорочен мандат ќе исчезнат неговите битки најавени во изборната кампања. Д-р Оз е за истополови бракови, но се противи на абортусот. Минатиот март тој практично го негираше глобалното затоплување, тврдејќи: „Идеологијата дека јаглеродот е лош, сама по себе е лага. Јаглерод диоксид, мои пријатели, [е] 0,04% од нашиот воздух. Тој не е проблемот“. Но сега сè е готово. Шоуто на д-р Оз заврши на 14 јануари 2022 година. Дали заврши и  политичката кариера на кардиохирургот?

 

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....