19:15 - 10 ноември, 2026

Фановите на Дејвид Боуви добија вредна архива од дури 80.000 писма, текстови, фотографии, костими

Лондонскиот музеј на Викторија и Алберт (V&A) информира дека обезбедил архива на покојната музичка ѕвезда Дејвид Боуви набавувајќи повеќе од 80.000 предмети од неговата кариера, кои ќе бидат достапни за јавноста од 2025 година.

Фановите на Боуви ќе добијат целосен увид во неговиот живот, работа и наследство откога музејот ја презеде обемната архива на ѕвездата, пренесуваат британските медиуми.

Колекцијата вклучува повеќе од 80.000 писма, текстови, фотографии, сценски дизајни, музички награди и костими.

Има и неколку инструменти во сопственост на музичарот вклучувајќи го и стилофонот што го свиреше на својот сингл Space Oddity од 1969 година.

Архивата ќе биде изложена во 2025 година во новосоздадениот простор во источен Лондон.

„Дејвид Боуви центарот за проучување сценски уметности, сместен во Олимпискиот парк на кралицата Елизабета, ќе обезбеди изворна книга за идните генерации фанови на Боуви , рече Тристрам Хант, директор на V&A.

Слични објави

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.
Се вчитува....