8.8 C
Скопје
14:31 - 28 март, 2026

Евровизија подготвува спектакл – Рита, Ребека и украинката Аљоша ќе пеат во Ливерпул

Фановите на Рита Ора со воодушевување ја примија веста дека нивната омилена пејачка ќе пее за време на паузата од полуфиналната вечер на Евровизија во мај.

Рита Ора ќе изведе микс од нејзините најголеми музички хитови, но и премиерно ќе ја изведе нејзината нова песна „Praising You“.

Гостинка на музичкото натпреварување ќе биде британската пејачка и текстописец Ребека Фергусон, која е родена во Ливерпул, каде што се одржува натпреварот.

„Со ова се слави Ливерпул и Украина преку музика“, рече таа во подкастот на Би-Би-Си за Евровизија.

Пејачката ќе пее дует со украинската пејачка Аљоша.

Јулија Санина, една од презентерките на овогодинешната Евровизија, ќе го отвори првото полуфинале со својот бенд Hardkiss.

Ќе настапат и други украински артисти како Марија Јаремчук, Отој и Злата Џуника, а Велика Британија наместо воено разурната Украина ќе ја има улогата на домаќин.

Би-би-си вели дека ќе покаже колку Велика Британија е „обединета преку музиката“, што е слоганот на овогодинешниот натпревар.

Слични објави

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Астро викенд: Мини совети за секој хороскопски знак

Еспресо

Дарко Лазиќ за смртта на братот: „Да можев да го вратам, никогаш повеќе не би запеал“

Еспресо

Хороскоп за 28 март: Овни, сочувајте го достоинството пред партнерот, Раковите се сосема занесени со саканата личност

Еспресо

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.
Се вчитува....