02:04 - 14 февруари, 2026

(Фото) Еве што правела Џенифер Гарнер додека нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек се венчал со Џенифер Лопез

Денот кога таткото на нејзините три деца ѝ кажал „да“ на Џеј Ло, актерката не тажела.

Всушност, Џенифер во тие мигови уживала  на езерото Тахо во Сиера Невада. Среќна и насмеана повеќе од кога било (и покрај сожалувањето од страна на другите).

инстаграм

Гарнер и Бен се разведоа во 2018 година.

Селфито објавено во нејзините „стори“ на Инстаграм ја покажува актерката (50) како блажено се насмевнува а зад неа – пејзаж кој го одзема здивот.

Многу фанови на Гарнер беа убедени дека венчавката на таткото на нејзините три деца (Вајолет, 16, Серафина, 13 и Семјуел, 10) ќе предизвика барем гнев.

„Не ја познавам Џенифер Гарнер. Не ги знам нејзините чувства за Афлек и нивниот развод. Но, Џенифер, каде и да си, знај дека случајна Британка мисли на тебе и се надева дека живееш“, пишува на пример корисничка на Твитер. Додека друг корисник пак, се надева дека „Џенифер се смее со пријателите на свадбата што се слави во Лас Вегас: многу свадби на ѕвездите во „меката на гревот“, всушност, наскоро завршуваат“.

Џенифер беше во брак со Афлек десет години. За време на бракот, Афлек поради зависност од алкохол, три пати завршувал на рехабилитација (прво во 2001 година, а потоа во 2017 и 2018 година). Разделбата дојде во 2015 година, во пресрет на 10-годишнината, придружена со најзастарените холивудски клишеа: наводното предавство од негова страна  со дадилката на нивните деца. Ѕвездата отсекогаш негирала, а Џенифер никогаш не се потрудила да ја коментира приказната. Всушност, таа остана со Бен дури и кога нивната приказна практично заврши. И таа избра да го финализира разводот дури откога тој се отрезни. Тие двајца, исто така заради децата, останаа пријатели. А на вестите дека Бен е во врска со Џенифер Лопез таа искоментира дека е „многу среќна за Бен и убедена дека Џенифер е позитивно присуство“ во животот на нејзиниот поранешен.

Слични објави

Весна Змијанац во одбрана на Милица Тодоровиќ: „Тој знаел што прави“

Еспресо

(Фото) Водителката на „Амиџи шоу“ се пресели во луксузен стан – мермерна маса од 200 кг, ентериерот е прекрасен!

Еспресо

(Фото) Хрватките полудеа по типот во бела маица од бекстејџот на „Дора“: Еве кој е тој

Еспресо

Хоспитализиран таткото на Милица Тодоровиќ, иако одбивал лекарска помош: Потегот на мајката на пејачката сè уште се прераскажува

apostolova

(Фото) Едни ја пофалија, други ја критикуваа: Фризурата на Јелена Ѓоковиќ на Олимписките игри може да се направи за миг!

Еспресо

„Бавна сум само кога водам љубов“: Дара Бубамара откри тајни од спалната соба

Еспресо
Се вчитува....