7.8 C
Скопје
22:16 - 27 февруари, 2026

Еве кој му прави друштво на Никола Роквиќ на патот до Грција: „Поединец не може ништо сам!“

Никола Роквиќ покажа тројца пријатели кои тргнале на пат со него!

Популарниот пејач Никола Роквиќ го започна аџилакот до Грција и до манастирот Свети Нектариј Егински во Егина, каде што ќе се поклони. Патот е долг над 1 000 километри, а причината е да се соберат средства за помош за детска онкологија.

Многумина мислеа дека пејачот сам тргнал на пат, но друштво му прават тројца пријатели, меѓу кои е и познатиот репер Жобла. Никола на социјалната мрежа Инстаграм сподели еден детаљ од патувањето и покажа како го местеле шаторот за спиење.

„Прв ден. Поединецот не може ништо сам! Со мене како тим и поддршка се моите браќа. Наскоро убаво ќе ги претставам, беше потребна љубов, волја и желба да се тргне на пат од 30 и повеќе дена“ – напиша Никола и ги означи на фотографијата пријателите.

Пејачот претходно откри зошто решил да тргне на ова патување.

-По овој пат решив да тргнам од љубов кон луѓето и се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за раст на многумина, се надевам дека ќе биде за помош на многумина. Првенствено да помогнам на многу семејства, на многу деца, но најважно да им помогнам на болните деца, поради што во голема мера го започнав ова патување. Основавме фондација која ќе им помага на семејствата, која ќе им помогне на талентирани деца, на многудетни семејства, но и на болни деца – рече Никола во храмот Свети Сава.

Пред да го започне патувањето, Никола се прости од семејството, пријателите, но и со духовниот отец кој го испрати. Најемотивното испраќање беше со ќерката, која плачеше.

Слични објави

Гога Секулиќ во тага за својот роденден: Пејачката се огласи, еве што порача

Еспресо

(Видео) Ава Керш се отвори за бракот со Пепи Бафтировски: Тоа беше авантура

Еспресо

(Фото) Специјално роденденско изнеанадување за Јована Стојменовиќ: Еве каков подарок доби

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме се на нова авантура по Париз, а нивната мистериозна обајава ги замисли сите

Еспресо

Досега необјавени фотографии од синот на Северина: Пејачката на емотивен начин го одбележа 14. роденден на Александар

E.A.

(Фото) „Иста е како мајка ѝ“: Преубавата ќерка на Моника Белучи блесна на насловна страница

Еспресо
Се вчитува....