03:06 - 7 април, 2026

Еве каде ќе живее Милица Тодоровиќ со синот: Луксузен стан, квадратен метар чини и до 5.000 евра!

Српската пејачка Милица Тодоровиќ се породи вчера, 3 февруари, и на свет донесе момче. Мајката и синот се чувствуваат добро, а сè уште се во породилиштето.

Милица пораснала во Крушевац, а веќе неколку години живее во луксузен комплекс во Нов Белград, каде што цената за квадратен метар оди и до 5.000 евра.

Во тој стан во српската престолнина, Милица Тодоровиќ ќе живее со својот син Богдан, а во населбата има многу нејзини колеги, како што се Милица Павловиќ, Надица Адемов, Сандра Африка, но и кумот на Милица, Стеван Анѓелковиќ.

Инаку, Милица често оди во родниот Крушевац бидејќи таму живеат нејзините родители, како и други роднини.

Што се однесува до името на новородениот син на Милица – Богдан спаѓа во групата старословенски имиња, некое време било запоставено, а во последно време сè повеќе момчиња се викаат така.

Според старите верувања, машките деца со името Богдан биле „заштитени од Бог“ кој им подарил добро здравје, среќа и успех во животот, или, пак биле првородени деца кои биле „долго и со копнеж очекувани“, односно чии родители не можеле да имаат потомство долго време. Во тој случај, децата го носеле ова име, бидејќи биле „се дадени од Бога“.

Значењето на името Богдан ветува многу добри квалитети на оној што го носи. Меѓу нив се амбиција, упорност, сталоженост, контрола врз емоциите, смиреност и самодоверба.

 

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....