6.8 C
Скопје
08:43 - 1 април, 2026

Емина Јаховиќ се потсети на агонијата низ која поминувала за време на разводот

По разводот, пејачката Емина Јаховиќ преживеала вистински пекол, а токму во тие моменти ја напишала песната „Слагачу вас све“.

Борбата на Емина Јаховиќ за старателство, препирките со нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал по судовите и на крајот неговото неплаќање алиментација беа вести што секојдневно ги полнеа рубриките во медиумите.

Гостувајќи во емисијата „Амиџи шоу“, пејачката се потсети на агонијата низ која поминувала во тие моменти и откри што ѝ било најтешко.

– По разводот, од кој поминаа осум години, имав голем проблем со таблоидите во Турција. На телевизија има емисии и луѓето зборуваат за туѓите животи, ги изнесуваат сите валкани работи. Сè се изнесува, и тоа што е и тоа што не е. Тоа кај нас не е така, и не дај Боже да биде. Прво шират гласини, а потоа те викаат да го демантираш тоа. Не можеш да излезеш на крај со нив – вели Емина Јаховиќ, која ја напишала својата најубава песна во најтешките моменти.

– Ми беше тешко, имав сериозни проблеми и тогаш ја напишав песната „Слагачју вас све“. Не е важно што зборуваш, луѓето веруваат во што сакаат – заклучи таа, пренесње Информер.рс.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....