22:53 - 10 јануари, 2026

Елтон Џон ќе се збогува со своите обожаватели на фестивалот „Гластонбери“

Елтон Џон објави дека неговиот последен британски „Безвременски настап“, пред пензионирањето, ќе се одржи на фестивалот „Гластонбери“ следната година.

„Гластонбери“ ќе трае од 21 јуни до 25 јуни. Билетите за настанот се распродадоа за еден час откога беа пуштени во продажба во ноември годинава.

Оваа информација пристигна откако Џон го отсвире своето последно американско шоу на „Доџер стадионот“ во Лос Анџелес минатиот месец на кое пееја и Дуа Липа, Кики Ди и Бренди Карлајл, а се емитуваше во живо на „Дизни плус“.

– Не би можел да бидам повозбуден што ќе ја предводам сцената на „пирамидата“. Како што доаѓа крајот на мојата турнеја „Farewell Yellow Brick Road“, не постои посоодветен начин да се збогувам со моите британски обожаватели! Тие беа неверојатно брилијантни и ме поддржуваа низ сите подеми и падови на мојата кариера… Едвај чекам да ме обземе духот на најголемиот фестивал во светот, рече Џон во изјавата.

Организаторката на „Гластонбери“, Емили Ивис додаде:

– Ќе го затвориме фестивалот и ќе го одбележиме овој огромен миг во двете наши истории со „мајката“ на сите испраќања. Многу сме среќни што конечно ќе го донесеме „Rocket Man“ тука.

Но, тоа нема да биде неговото последно шоу во целина – турнејата „Farewell Yellow Brick Road“ којашто почна во 2018 година, ќе продолжи низ Европа до јули 2023 година.

Слични објави

„Сакаше да се омажи за мене ако ѝ купам стан и автомобил“: Познат пејач добил директна понуда од Мина Костиќ

Еспресо

Почина мајката на Перо Камиказа: Музичарот објави трогателна фотографија и објава

Еспресо

ВИДЕО | Ела Дворник откри долго чувана семејна тајна: „Мојот татко имаше сериозна болест“

Е.А.

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.
Се вчитува....