18:42 - 4 април, 2026

Екс сопругата на Кевин Костнер конечно се исели од домот: Останува на истиот имот во куќата за персоналот

Поранешната сопруга на Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер конечно се иселила од имотот на актерот во Санта Барбара, пренесува People.

„Кристина ги почитува условите на брачниот договор и го напушти својот семеен дом. Таа ќе престојува во помала куќа на имотот што се користеше како просторија за персоналот“, изјави за изданието извор близок до поранешната двојка.

Инсајдерот додаде дека ова е „привремено решение“, а Кристин Баумгартнер „се уште бара друг дом“.

„Таа сака да остане во областа за да не го нарушува животот на децата. Наесен ќе се вратат на училиште со другарите“, прецизира тој.

На почетокот на мај, сопругата на Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер поднесе барање за развод од актерот по 18 години брак. Во барањето за развод, сопругата на Костнер наведе „непомирливи разлики“. Во средината на јуни, актерот отиде на суд откако Кристин Баумгартнер одби да ги спакува своите работи и да го напушти нивниот дом, и покрај јасните услови на брачниот договор. Адвокатите на Костнер рекоа дека Баумгартнер одамна го поминала рокот за договорот и дека „се држела за сламка, давајќи неосновани аргументи“ зошто треба да ѝ се дозволи да остане.

Претходно Кевин Костнер ја обвини својата поранешна сопруга дека ја троши енормн големата алиментација за пластични операции.

Слични објави

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката по сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо
Се вчитува....