-1.2 C
Скопје
22:37 - 18 февруари, 2026

Една порција печурки може да обезбеди доволно количество витамин Д во организмот

Здравствените експерти постојано нагласуваат колку е важен дневниот внес на витамин Д. Научниците провериле колку витамин Д може да обезбедат печурките. Тие анализирале шампињони и буковки, а некои биле изложени на УВ-светлина. Се обиделе да откријат колку здравствени придобивки ќе им пружат на луѓето. Испитаниците јаделе 84 грама печурки на ден, околу половина порција. Што откриле? Само една порција печурки го зголемила внесот на влакна кај сите испитаници, како и на минерали како што се бакар, селен, цинк, рибофлавоин, ниацин и калиум. Сепак, најмногу придобивки пружиле печурките кои биле изложени на УВ-светлина. Истото важи и кога станува збор за витаминот Д, а исто така само една порција печурки им овозможила да го зголемат дневниот внес на овој важен витамин.

При купувањето печурки обрнете посебно внимание на оние на кои пишува дека се збогатени со витамин Д. Но, и консумирањето печурки кои не биле изложени на УВ-светлина е одличен начин (со земање суплементи) за доволно внесување на овој витамин во организмот, а сето тоа за подобра заштита од коронавирусот.

Витаминот Д има задача да контролира колку калциум ќе се апсорбира од храната, колку ќе се апсорбира или ослободува од коските. Ако во организмот недостасува калциум, се произведува повеќе активна форма на витаминот Д во бубрезите кој помага во апсорпцијата на калциумот. Ако недостасува витамин Д во организмот, овој механизам нема да обезбеди хомеостаза на калциум па ќе дојде до ослободување на калциумот од коските, т.е. до деминерализација, за да се постигне потребното ниво на калциум во крвта. Оваа состојба доведува до остеомалација и остеопороза кај возрасните и рахитис кај децата (антирахитичен витамин).

Затоа, со доволен внес на витамин Д, мора да имаме на ум да ги задоволиме и дневните потреби за калциум. Освен наведената улога, витаминот Д има и други функции како што се регулирање на фосфатниот метаболизам, регулација на имунолошкиот одговор, регулација на нивоата на инсулин и шеќер во крвта и на крвниот притисок.

Експертите препорачуваат помеѓу 400 и 800 меѓународни единици (ИУ) на витамин Д дневно за да се задоволат потребите на организмот, но кога зборуваме за зголемени потреби поради намалување на ризикот од развој на малигни заболувања, внесот на витамин Д треба да биде значително поголем. Американските истражувачи утврдиле дека внесувањето на 4.000 до 8.000 меѓународни единици на витамин Д може да го намали ризикот од рак на дојка, колоректален карцином, мултиплекс склероза и дијабетес тип 1.

Слични објави

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.

Малечко девојче го украде шоуто на концертот на Нина Бадриќ: Ѝ даде неочекуван подарок

Еспресо

Јелена искрено проговори за почетоците со Слоба Радановиќ: Имав анксиозност, не верував дека постојат такви лудаци

Е.А.
Се вчитува....