Бремената пејачка Едита Арадиновиќ најпрво се соочила со непријатност пред настапот во Чачак, кога ѝ пукнала гума на автомобилот, а подоцна, за време на самиот концерт, доживеала уште понепријатна ситуација.
Имено, таа се огласи преку Инстаграм и информираше дека настапот бил прекинат поради маж кој испрскал солзавец.
– Чачани, жал ми е што морав да го прекинам настапот поради еден што испрскал солзавец. Таман се загреав и се подготвував да направиме вистинска атмосфера, но ќе има прилика некој друг пат. Драго ми е што ја почувствував вашата енергија и видов драги луѓе – порача таа.
Да потсетиме, таа тргнала кон Чачак со автомобил, но за време на возењето ѝ пукнала гума. Едита преку Инстаграм откри дека ова е третпат за месец и пол да ѝ се случи истото.
Иако е бремена и брзала за настапот, не дозволила ситуацијата да ѝ го расипе расположението, туку смирено чекала помош.
– Третпат за месец и пол ми пука гума. Тоа нема да ми го расипе расположението, вечерва ќе направиме одлична атмосфера во Чачак – напиша пејачката.

Додека чекала да пристигне помош, таа и се пошегувала:
– Чекајќи ги најдобрите вулканизери во градот, размислувам некој од нив да ми стане кум – напиша Едита.

