9.8 C
Скопје
23:08 - 24 октомври, 2026

„Душко ми предложи да си го одземам животот, а потоа почина Дивна“: Јелена Карлеуша ја отвори душата за најтешкиот период во животот

Пејачката Јелена Карлеуша денеска, 7 јануари, гостуваше во емисијата кај Јована Јеремиќ, каде во еден момент се осврна и на бракот со поранешниот фудбалер Душко Тошиќ.

Како што изјави Карлеуша, во нивниот брак се вмешала „ѓаволска сила“, поради што, како што вели, никогаш повеќе не би можела да биде со него.

– Ако верувам во Бога, значи ли дека верувам и во ѓаволот? Сметам дека во нашиот случај се случи еден ѓавол кој ги вплете прстите. Го видов влијанието на сето тоа врз Душко. По 17 години брак, никогаш повеќе не би можела да бидам со него, затоа што се вмешаа многу ѓаволски сили и многу лоши работи. Атина и Ника јас самата ги израснав, Душко сите тие години играше фудбал низ светот. Атина и Ника се мој лик и дело и сè што сум јас дома, а таму сум мајка. Кога престана да игра фудбал, Душко многу се посвети на децата. Бидејќи моите родители беа разведени и знам колку ми недостигаше татко ми, особено во тинејџерските години, никогаш не сакав да им го забранам контактот со него, дури и го поттикнував тоа – рече Карлеуша.

Поп-дивата се осврна и на најтешкиот период во својот живот, кога во јавноста се појавија нејзини интимни фотографии. Како што откри, во тој момент Душко Тошиќ ѝ предлагал да си го одземе животот.

– Кога една жена ќе преживее нешто како тоа што јас го преживеав, кога цела држава ги гледа твоите голи фотографии и интимата… тогаш… Никој не ме заштити. Имав две опции! Едната беше да си го одземам животот, што ми го посака и ми го предложи „прекрасниот“ Душко, и за тоа нема оправдување. Проблемот е што среде сето тоа и Дивна почина и многу ми е жал што во таква атмосфера замина во друга димензија. Имам две деца кои користат мобилни телефони, а децата знаат да бидат сурови. Што уште може некој да ми направи за да ме повреди? Тоа беше толку страшно што би ми требале три животи за на сите да им простам – изјави Јелена Карлеуша во емисијата „Ново утро“.

Слични објави

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо
Се вчитува....