11:31 - 8 април, 2026

Душава и срцево урлаат: Ќерката на Гоце Тодоровски со емотивна објава за татко ѝ

Емотивни зборови за својот татко Гоце Тодоровски, објави неговата ќерка Сашенка.

-Гордост моја, М’ал Пачино,а толку голем. Да си ми само здрав татко мој, одиме понатака да корачиме заедно како и досега. Душава и срцево мое урлаат од среќа, признат достоинствено за половина век, посветен на македонскиот народ!!! Секоја чест. Заслужено“, напиша Сашенка Тодоровска- Спасовска.

Ќерката на славниот актер со кој израснаа многу геренарации го посвети овој статус на наградата која наскоро треба да ја добие Тодоровски.

Тоа е државната награда „23 Октомври“. којаа годинава освен него ќе ја добијат и писателите  Александар Кујунџиски, Братислав Ташковски и писателот академик Божин Павловски.

Сашенка е инаку многу горда на својот татко, а среќно мажена за Боби Спасовски, со кој често објавува слики ја својот Фејсбук профил. Во јули годинава, ќерката на нашата актерска легенда, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко.

Сашенка го изрази својот револт поради тоа што, иако нејзиниот татко има нарушено здравје и зад себе оставил огромно актерско наследство, покрај бројните признанија и награди, не бил удостоен со национална пензија.

-Национална пензија не ти дадоа, само признанија, наградички за животни дела, колекционер на хартија стана, зарем не е срамота? Народот е во заблуда, Гоце Тодоровски живее од пензија 36 илјади денари“, напиша тогаш Сашенка.

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо
Се вчитува....