13.8 C
Скопје
15:53 - 18 декември, 2024

Драматична историја на врските на Бритни Спирс: Скандалозни раскинувања и кратки бракови

Бритни Спирс објави дека се разведува со третиот сопруг Сем Асгари, но историјата на нејзините скандалозни љубовни врски е многу посложена и подолга.

Бритни Спирс среќно се омажи за својот долгогодишен партнер Сем Асгари минатиот јуни по петгодишна врска која започна додека таа сè уште беше под старателство на нејзините родители. Но, само 14 месеци по венчавката, 41-годишната Бритни и 29-годишниот Сем се разделија. Меѓутоа, ако се погледне историјата на врските, романсите и браковите на Бритни, станува јасно дека нејзиниот личен живот отсекогаш бил многу турбулентен.

Бритни Спирс стана ѕвезда на многу млада возраст, а нејзините момчиња беа и познати личности и момци со кои работеше. Бритни постави и своевиден рекорд за најкраток брак – се разведе од својот пријател од детството Џејсон Александар по 55 часа.

Доналд „Рег“ Џонс (1995–1997)

Првото официјално момче на Бритни Спирс се појави кога таа имаше само 14 години, а тој веќе имаше 17 години.

Во мемоарите на Лин Спирс од 2008 година, Through the Storm, мајката на Бритни тврдеше дека нејзината ќерка всушност ја изгубила невиноста со Џонс, а не со нејзиното идно момче Џастин Тимберлејк.

Во 2001 година, Џонс објави две писма што пејачката му ги напишала кога била тинејџерка. Едното писмо е само љубовна белешка, а во второто му објавила дека раскинува со него.

Џастин Тимберлејк (1998-2002)

Најпознатото момче на Бритни несомнено е Џастин Тимберлејк. Тие беа заедно во клубот Мики Маус, потоа таа стана поп ѕвезда, а тој беше член на најпопуларниот бенд составен од момчиња NSYNC.

По нивното разделување во 2002 година, пејачот јавно ја обвини Спирс за нивното раскинување и го искористи своето страдање за да промовира соло албум. Двојничка на Бритни Спирс се појави во неговото видео за песната Cry Me A River, а тоа обожавателите го сфатија како песна за раскинување на нивната врска.

Подоцна, кога се дозна за тоа како со Бритни се однесувале нејзините родители додека била под нивна грижа, Тимберлејк напиша објава во која јавно се извинува на Бритни. Тој напиша дека и тој „ја изневери“.

Вејд Робсон (2002)

По разделбата од Тимберлејк, пејачката почна да излегува со кореографот Вејд Робсон, кој работел и за неа и за бендот на Џастин NSYNC.

Никој од триото не ги потврди или негираше гласините за романса, но таблоидите тврдеа дека поради нејзините чувства кон Вејд Бритни раскинала со Тимберлејк.

Сепак, нивната врска беше краткотрајна, а Бритни и Вејд раскинаа по една година.

Фред Дарст (2003)

Во 2003 година фронтменот на Limp Bizkit, Фред Дарст, тврдеше дека се забавува со Бритни, иако таа подоцна негираше дека некогаш имале врска.

Двојката помина време заедно работејќи на песни за новиот албум на Бритни.

„Секогаш останувам доследен на своето срце и на сето она што го правев, како и на моите намери, и во никој случај не сум лажго“, рече Дарст, тврдејќи дека сепак имал афера со Бритни.

Џаред Лето (2003)

Уште едно славно момче на Бритни Спирс беше Џаред Лето. Сепак, тој не ги потврди гласините, а таа демантираше дека некогаш биле во врска.

Откако беа видени „уловени“ заедно на вечерен состанок, Бритни рече дека тие се само „многу добри пријатели“.

Колин Фарел (2003)

Колин Фарел и Бритни Спирс поминаа многу време заедно, бакнувајќи се на премиерата на неговиот филм „The Recruit“, но упорно негираа дека има нешто меѓу нив.

Самиот Колин изјави дека е „само 26-годишен дечко кој не е оженет и добро се забавува“.

Кога раскинале, тој ѝ испратил маица на која пишувало: „Спиев со Колин Фарел и се што ми остана е оваа лоша маичка“.

Колумбус Шорт (2003)

Следното момче кое Бритни го најде меѓу своите вработени беше танчер од нејзиниот тим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Columbus Short (@officialcshort)

Шорт, кој подоцна глумеше во ТВ серијата Скандал, подоцна тврдеше дека родителите на Бритни упатиле расистички коментари за него. Тој изјави и дека само еднаш имал секс со пејачката, а таа го отпуштила кога тој не и возвратил на нејзините чувства.

Џејсон Александар (2004)

Првиот сопруг на Бритни Спирс беше Џејсон Александар, нејзиниот пријател од детството.

Двојката се венчала во раните утрински часови на 3 јануари 2004 година, за време на церемонијата во капелата „Little White Wedding“ во Лас Вегас, Невада. И двајцата тогаш имаа 22 години.

Нивниот брак беше поништен по 55 часа, за што Александар подоцна тврдеше дека бил принуден од мајката на Бритни, Лин и менаџерите на Бритни. Самата Спирс за медиумите изјави дека тоа бил глупав но спонтан чин.

И по 18 години, Александар дојде во куќата на Бритни Спирс и за малку ќе и ја нарушеше свадбата со Сем Асгари. Џејсон сега е во притвор на Одделот на шерифот Вентура под обвинение за кражба, вандализам и физички напад по две конфронтации со чуварите на Бритни.

Неколку минути пред да биде приведен, Александар успеал да направи пренос на Инстаграм, покажувајќи како трча кон куќата на Спирс. 40-годишниот Александар успеал да се прекачи преку оградата, и да влезе во куќата, борејќи се со чуварите.

Апсењето на Александар на свадбата на неговата поранешна сопруга беше трето во последните 13 месеци. Полициски извори велат дека тој бил уапсен поради кражба надвор од државата, возење во пијана состојба и следење на неименувана жена.

Кевин Федерлајн (2004-2007)

Во краткиот брак со нејзиниот кореограф Кевин Федерлајн, Бритни роди два сина.

Двојката се разведе во 2007 година, но во тој момент Бритни беше нестабилна, а Кевин го доби старателството над нивните синови.

Одлучувачкиот инцидент се случи во јануари 2008 година, кога Бритни се заклучила со децата во бањата, не сакајќи да му ги врати на својот татко. Како резултат на тоа, Кевин повикал полиција, а Бритни била испратена во психијатриска болница.

Џ. Р. Ротем (2007)

По контроверзниот развод, Спирс имаше кратка афера со продуцентот Џ.Р.Ротем.

По разделбата, тој искрено зборуваше за нивниот секс, за што подоцна се покаја. Во едно интервју тој изјави дека тоа било „глупава фаза“ од неговиот живот.

Исак Коен (2007)

Бритни Спирс имаше неочекувано трогателна, иако кратка, афера со моделот Исак Коен. Тој неверојатно наликуваше на нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн, па дури и носеше слична облека.

Нивното раскинување беше опишано како „пријателско“, а Коен подоцна рече за нивната врска: „Кога ја запознав Бритни, таа веќе беше изгорена. Пиеше и правеше забави за да се обиде да ги избрка сите лоши работи од нејзиниот живот. Но зад пијаната слика видов многу срамежлива, слатка девојка која беше само очајно тажна поради тоа што се случи со нејзиниот брак“.

Хауи Деј (2007)

Во Малибу, Бритни го запозна пејачот и текстописец Хауи Деј. Life & Style тогаш објави дека мајката на Бритни Лин била загрижена за врската.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Howie Day (@howiekday)

Федерлајн беше поостар, нарекувајќи го Деј „ѓубре“. Тој изјавил дека Бритни морала да „се упати кон отпадот“ за да се сретне со Деј.

Аднан Галиб (2007–2008)

Поп ѕвездата ги шокираше своите обожаватели и семејството кога во 2007 година почна да излегува со папарацо-фотграфот Аднан Галиб, и покрај тоа што тој постојано ја демнеше неа и другите ѕвезди, надевајќи се дека ќе направи фотосензација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OK! Magazine (@okmagazine)

Во 2008 година, Галиб тврдеше дека има секс снимка со Спирс во очигледен обид да ја продаде, иако подоцна тврдеше дека тоа е лага.

Таткото на Бритни, Џејми, доби полициски налог да го држи Галиб подалеку од неговата ќерка, велејќи дека фотографот ги предупредил папараците за тоа каде се наоѓа Бритни, а потоа добил хонорар од нив.

Џејсон Травик (2009-2013)

Една од најдолгите врски на Спирс беше со нејзиниот поранешен агент Џејсон Травик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WomenzMag (@womenzmag)

Во 2021 година кружеа гласини дека тие тајно се венчале, а потоа се развеле во 2012 година.

Сепак, Травик негираше дека тие некогаш биле во брак.

Дејвид Лукадо (2013-2014)

Бритни и Дејвид Лукадо почнаа да се забавуваат веднаш по нејзиното разделување од Травик, иако врската траеше само околу една година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Williams (@lauren8williams)

Според TMZ, Бритни го „откачила“ Лукадо откако открила видео на кое Лукадо „се бакнува и танцува со друга жена“.

Лукадо беше вознемирен од раскинувањето и неговиот претставник изјави дека сè уште ја сака Бритни и се надева на помирување. Но, тоа не се случи.

Чарли Ебсерсол (2014–2015)

Потоа Бритни започна врска со филмскиот продуцент Чарли Еберсол. Зборувајќи за нивната романса, Спирс рече: „Мислев дека е љубезен и шармантен, па затоа се вложив. Имаше нешто во него што ме натера да се чувствувам навистина мирно и пријатно“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlie Ebersol (@charlieebersol)

Но, парот раскина откако таткото на Бритни рече дека не е соодветен за неа. Тогаш тој беше чувар на својата ќерка, а неговото мислење очигледно влијаеше на нивната врска.

Сем Асгари (2016–2023)

Сем Асгари, актер во подем, е со поп-ѕвездата од 2016 година, што ја прави нивната врска најдолга до сега.

Таа го запознала Сем кога тој се појавил во нејзиниот спот за Slumber Party.

Тие ја официјализираа својата врска на Инстаграм следната година, а Сем застана покрај неа во битката да стави крај на нејзиното долгогодишно старателство.

Спирс ја објави свршувачката на 12 септември 2021 година. Во април 2022 година, парот објави дека го очекува своето прво заедничко дете, но само еден месец подоцна, Бритни откри дека доживеала спонтан абортус.

Тие се венчаа на 9 јуни 2022 година во нејзиниот дом во Таузнд Оукс на церемонија на која присуствуваа Мадона, Донатела Версаче и Парис Хилтон.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слични објави

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо
Се вчитува....