16:41 - 7 април, 2026

Драма пред Пинк! Јована Јеремиќ излегла плачејќи, почнала да ги кине хартиите: „Не можам повеќе ова да го поднесам“

Јована Јеремиќ плачејќи излетела од зградата на телевизијата Пинк, видливо вознемирена и потресена, придружувана од колега и близок пријател!

Екипата на српски „Телеграф“ случајно се нашла на лице место, спроти телевизијата, кога водителката истрчала како фурија.

– Молам?! Па, ова не може вака! Дали е можно ова да ми се случува мене?! – викала Јована, додека колегата се обидувал да ја смири.

– Јас ова повеќе не можам да го поднесам, ова повеќе нема да се случува. Па, јас не сум која било, некој без мозок и без карактер! Јас сум Јована Јеремиќ и мора да ме почитуваш! Ако ветиш нешто и ако сме се договориле, за емисијата, дека ќе дојдеш, тогаш така и треба да биде – продолжила таа, а потоа искинала низа хартии.

– Смири се, те молам! Па, и самата знаеш дека тоа е глупост, немој да се нервираш – ѝ рекол колегата.

Да потсетиме, неодамна сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ, најавил откази, по што го распуштил целиот театар Одеон.

Од тој момент, на никој во телевизијата не му е сеедно, па ретко кој од водителите се огласил за тоа за медиумите.

Слични објави

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо
Се вчитува....