01:18 - 3 април, 2026

Драгана Мирковиќ посилна по разводот: „Можам само да сакам сè повеќе и повеќе“

Драгана Мирковиќ уште во март годинава стави точка на бракот со бизнисменот Тони Бијелиќ, но за нивната врска се уште се зборува и пишува.

Пејачката сега вели дека не ги следи пишувањата на медиумите и додава дека се што имала да каже на оваа тема, кажала во официјалното соопштение што тогаш го испратила до медиумите.

Драгана и Тони во среќните денови, принтскрин Инстаграм

– Единствено што имав да кажам, реков, беше некаде во средината на март. После тоа не кажав ни збор ни ништо друго, нема потреба од тоа. Бев подготвена на некои чудни пишувања и некои чудни наслови. Што да правам, така тоа оди – изјавила за Пинк.

Драгана истакнува дека и после се е опкружена со љубовта на децата, семејството и публиката и дека сепак е многу сакана и среќна жена.

– Колку што можев да влијаам со моето молчење, влијаев. Не затоа што го направив тоа намерно, туку таква сум јас. Мислам дека луѓето забележаа дека јас бев целосно надвор одприказната и само се грижам за моите деца. Како што кажав во мојата објава на социјалнте мрежи, останувам верна на семејството, се грижам за него, сакам убави работи. Уживам да сум со публиката, инаку сум личност која е полна со љубов и ништо нема да ме вознемири или промени. Луѓето можат да ми направат нешто лошо, јас секогаш ќе ги сакам луѓето, никогаш не можам да станам огорчена жена. Можам само да сакам се повеќе и повеќе – заклучи таа, пренесува Новости.рс

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....