17:32 - 26 февруари, 2026

Драгана Мирковиќ го чека адвокатот на Тони, него никаде го нема: Дали сепак судот ќе ја подели империјата

Изгледаше дека во бракот на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ цветаа рози, додека не изби веста за разводот. Оттогаш на површина испливаа бројни детали од нивната врска која не била толку стабилна, а веруваме дека овој период не им беше лесен на двајцата.

Како што објавија српските медиумите, Драгана наводно го тужела нејзиниот се уште легален сопруг, за судот да им го подели имотот и да ги разведе. Меѓутоа, како што наведува српски Курир, вистината е сосема поинаква. Неименуван извор тврди дека Драгана, како и секогаш, е отворена за секаков вид договор и дека работи на најдобар можен начин да се раздели од сопругот.

– Драгана уште првиот ден му врачи на Тони барање за развод и сепак работата им ја препушти на адвокатите, кои треба да се договорат и да го решат случајот. Има законски рок во кој адвокатот и Тони треба да се договорат и да ја известат Драгана дали сакаат спогодбено да се разведат или судот да одлучи за развод и поделба на имотот – објасни изворот и додаде:

– Тони и неговиот адвокат, колку што знам, не му одговориле на адвокатот на Драгана, но тој рок се уште не е истечен, па имаат уште време да донесат одлука како ќе заврши се. Што се однесува до Драгана, таа од самиот почеток беше за договор, како што е добро познато во јавноста.

Една од најпопуларните пејачки низ регионот, Драгана Мирковиќ, ги изненади сите кога објави дека по 24 години и со две деца решила да поднесе документи за развод од бизнисменот Тони Бијелиќ. Како што навела во својата изјава, дала се од себе семејството да се сочува, како и таа и Тони да живеат одвоени три години и да не живеат под ист покрив.

(Фото) Тони во екот на разводот од Драгана Мирковиќ „уловен“ со русокоса девојка: Романтични мигови со луксузна вечера

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Органодарителството е чин на највисока солидарност

Еспресо

Објавен дел од исповедта на Цеца во филмот за Саша Поповиќ: „Тоа што го кажа нема цена“

Е.А.

Ѕвездата на „Луд, збунет, нормален“: „Среќа што сум жив, имав три операции на гласните жици“

Еспресо

„Чекам повик за операција на срце“: Дечко ѝ на Ана Николиќ потврди дека ќе биде опериран

Еспресо

„Од разните полови болести, татко ми станал стерилен“: Нови шокантни изјави на ќерката на Аца Амадеус

Е.А.

21-годишната ќерка на Ивица Дачиќ, Андреа, сака да тргне по стапките на татко ѝ

Е.А.
Се вчитува....