14:26 - 5 април, 2026

Дино Мерлин ја надмина Александра Пријовиќ: Со концерт помалку, еве колку милиони евра заработи пејачот во Загреб

Босанскиот пејач Дино Мерлин два викенди по ред одржа концерти во загрепската арена, а сите четири концерти беа преполни. Билетите за концертите беа распродадени со месеци однапред, а цените во предпродажба воопшто не беа ниски.

Најевтиниот билет беше за партер, по цена од 35 евра, а местата на трибините се продаваа во неколку категории, од 30 до 45 евра, при што најевтината имаше ограничен поглед. Најогнената публика купи места во „фан питот“, за кој билетот чинеше 70 евра. За оние кои со музиката сакаат да пијат на мир, се продаваа седишта на масите на ВИП барот, кои изнесуваа по 120 евра. Сите оние кои сакаат интима можеа да купат место во ВИП ложата по цена од 130 евра или во салон по цена од 80 евра.

Билетите за партер беа најповолни, по оние за трибините кои имаа намален поглед на сцената. Мерлин со 22.000 продадени билети по вечер го собори рекордот на посетеност. Земајќи ја предвид цената на билетот за партер, која беше најповолна категорија со поглед насочен кон сцената и податокот дека на еден концерт имаше 22.000 луѓе, Дино за еден концерт земал 770.000 евра, а за четири нешто повеќе од 3.000.000 евра.

Дино Мерлин одржа и четири концерти во Белград, но според пресметката која се појави во медиумите, тој заработил еден милион евра помалку од Загреб. Имено, закупот на белградска арена за еден концерт е 25.000 евра, што значи дека пејачот за четири настапи ќе треба да плати 100.000 евра, а билетите чинеле од 3.000 до 15.000 динари. Дури и кога ќе плати закуп и данок на добивка, Дино наводно ќе заработи 615.380 евра по концерт, а кога таа бројка ќе се помножи со 4 концерти, износот е 2.461.000 евра.

Да потсетиме, пред Дино, српската пејачка Алексадра Пријовиќ одржа пет концерти по ред во загрепска Арена.

Најевтиниот билет кај Пријовиќ бил 25 евра (партер), а најскапото место во ВИП ложата 130 евра. За да се обезбеди една барска маса требаше да се купат најмалку шест влезници, а ако една чини 45 евра, тогаш се доаѓа до фактот дека секоја маса чинела најмалку 270 евра.

Ако не се бројат најскапите места во ВИП ложите, тогаш просечната цена на билет за концерт е 31,8 евра, што значи дека Пријовиќ ќе инкасира минимум 555.000 евра по концерт. За пет концерти таа заработила минимум 2.780.000 евра.

 

 

Слични објави

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо

(Фото) „Добредојдовте дома“: Милица Тодоровиќ отиде во родниот Крушевац со синот Богдан пред Велигден

Еспресо

Хороскоп за 5 април: Стрелците ќе бидат пријатно изненадени од саканата личност

apostolova
Се вчитува....