7.8 C
Скопје
23:57 - 22 март, 2026

Џорџ Клуни даде силна поддршка на колегите, штрајкот за него значи пресврт во филмската индустрија

„Ова е точка на пресврт во нашата индустрија“, рече денеска Џорџ Клуни, станувајќи еден од актерите со највисок профил кој зборуваше за поддршка на штрајкувачките членови на Синдикатот на американските глумци.

Двократниот добитник на Оскар рече дека „актерите и сценаристите во голем број ја изгубиле способноста да заработат за живот“, со оглед на тоа дека сценаристите штрајкуваат од 2 мај.

 

„Ова е точка на пресврт во нашата индустрија“, рече Клуни. „За да опстане нашата индустрија, тоа мора да се промени. За актерите, тоа патување започнува сега“.

Раководството на SAG официјално го ратификуваше штрајкот вчера по неуспешните преговори за AMPTP кои беа продолжени за две недели. Се очекува спорот да трае некое време.

Штрајкот на сценаристите трае речиси три месеци и не покажува знаци на прекин.

Клуни неодамна го заврши филмот за МГМ „Момците во чамецот“.

Според познавачите, штрајковит можат  целосно да го парализираат Холивуд и да ѝ нанесе тежок удар на филмската индустрија, каде што продукцијата на филмови и серии веќе е во застој поради штрајкот на сценаристите.

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....