19.8 C
Скопје
15:48 - 12 март, 2026

Џон Малкович ќе гради филмски студија во Скопје: Возбудени сме затоа што ќе работиме и ќе снимаме холивудски филмови во Скопје

Славниот американски актер Џон Малкович најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во околината на градот во рамки на проектот „Скопје технолошки парк“.

– Би сакал да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје. Прво студио од ваков тип на целиот Балкан -изјави Малкович за МРТ.

Тој најави дека ќе го посети Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“.

-Решивме да го наречеме проектот „Стоунбриџ студија“ во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ – истакна Малкович.

Порача дека како Балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект.

– Возбудени сме не само затоа што ќе работиме и ќе снимаме холивудски филмови во Скопје, туку ќе помогнеме уште повеќе да се зајакне балканскиот филм, како и музичките и уметничките заедници на секој можен начин. Цврсто верувам дека проектот ќе биде од клучно значење за земјата и регионот – рече Џон Малкович.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Malkovich (@johnmalkovichh)

Слични објави

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Ѓани итно хоспитализиран! Српскиот фолкер е примен на ВМА, соопшто неговата сопруга

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром: „Не е тој поинаков, ние сме“

Еспресо

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin
Се вчитува....