07:32 - 7 април, 2026

„Ѓогани ја сакаше Ксенија Пајчин за себе“ : Хуса по 30 години ја откри вистината за заминувањето на пејачката од групата

Три децении откако Ксенија Пајчин ги започна првите чекори во кариерата, нејзиниот поранешен соработник и пријател, Хуса Алијевиќ, откри нови детали за тоа како и зошто пејачката ја напуштила групата „Beat Street“, каде што започна како танчарка.

Како што тврди тој, во целиот процес важна улога одиграл Џоле Ѓогани.

„Ксенија беше неверојатно харизматична, паметна и нескротлива. Таа во краток шорц шета по Подгорица во ’94 или ’95, пола град е во проблем. Имаше енергија која не можеше да се контролира. Да беше во некоја друга држава, ќе направеше светска кариера“, раскажа Хуса.

Тој додава дека пејачката во светот на шоу-бизнисот влегла токму преку него: „Не почна веднаш со соло кариера, беше дел од групата“.

Но, зад нејзиното заминување, како што вели, стоел конфликт:

„Се случи недоразбирање и таа ја напушти групата. Ѓогани многу се мешаше во тоа, ја тераше да премине кај него. Не успеа да ја земе, ама успеа да ја извади од ’Beat Street‘.“

Ова го открил во поткаст кај Иван Ивановиќ – Ѓус.

Ксенија Пајчин, една од најпопуларните пејачки, трагично го загуби животот на 16 март 2010 година, кога нејзиниот тогашен партнер, манекенот Филип Каписода, ја уби, а потоа изврши самоубиство.

Слични објави

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо
Се вчитува....