06:30 - 31 јануари, 2026

Џереми Ренер низ солзи зборува за страшната несреќа: „Избрав да преживеам, си велев дека тоа нема да ме убие“

На 1 јануари 2023 година, првиот ден од оваа година, светот на кинематографијата беше шокиран од веста за речиси фаталната несреќа на глумецот Џереми Ренер. Актерот сега проговори за прв пат од тогаш за тоа што го преживеал.

Актерот доживеа голема несреќа од машина за чистење снег пред неговиот дом во Невада и брзо, по повик за помош, беше однесен во соба за итни случаи и беше во критична, но стабилна состојба.

Несреќата настанала кога тој се обидувал да го спаси својот внук, но за малку самиот ќе умрел.

Дијагнозата му беше „затворена градна траума и ортопедски повреди“.

52-годишниот актер беше прегазен од машина тешка 6.500 килограми поради која скршил повеќе од 30 коски.

Во текот на интервјуто актерот не можеше да ги задржи солзите додека зборуваше за несреќата во која се здоби со тешки повреди опасни по живот.

– Се сеќавам на се. Бев буден во текот на сето тоа – откри Ренер.

Ренер се обидувал да користи плуг за снег за да му помогне на својот внук да го извлече автомобилот од длабокиот снег во близина на неговиот дом, но заборавил да ја стави сопирачката кога излегол од возилото за да му помогне. Плугот потоа почнал да се тркала кон внукот на Ренер, а кога актерот истрчал да се обиде да се врати внатре и да ја контролира машината, тој бил повлечен под неа и смачкан.

– Би го направил сето тоа одново бидејќи плугот одеше право кон мојот внук – откри тој.

Интервјуто на ABC содржи снимка од повикот на 911 по несреќата во која се слуша како внукот на актерот ја известува полицијата дека има многу крв. Внукот на Ренер потресен рекол дека мисли дека неговиот вујко е мртов.

– Избрав да преживеам. Тоа нема да ме убие, никако, рече Ренер во разговорот. „Изгубив многу крв и коски во ова искуство, но бев наполнет со гориво – со љубов и титаниум“.

 

 

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо
Се вчитува....