23:36 - 2 април, 2026

Џенифер Лопез се обидува да го спаси бракот: „Ги вложи и срцето и душата“

Славната двојка се венча во 2022 година. Во раните 2000-ти, Џеј Ло и Бен Афлек веќе беа во врска, но се разделија пред свадбата.

54-годишната американска пејачка Џенифер Лопез се обидува да го спаси бракот со актерот Бен Афлек (51), пишува Дејли меил.

Некои извори велат дека оскаровецот размислува да стави крај на нивниот двегодишен брак, „сфаќајќи“ дека неговата одлука да ја обнови нивната стара романса и да се омажи за Џеј Ло во Вегас во јули 2022 година е едноставно родена само од „жежок сон“.

Други извори се сигурни дека парот заедно ги решава проблемите и продолжува да се надева дека нивната љубовна приказна нема да заврши и дека кризата ќе ја пребродат.

„Таа ги вложи и срцето и душата во нејзината љубовна приказна со Бен и не се откажува од неа без борба. Според она што го слушам, има уште многу љубов таму, па мора да има надеж”, открива инсајдер близок до парот.

Официјално ниту една страна не ги коментира гласините за нивниот можен развод.

Кога Џеј Ло беше директно прашана за ова на прес-конференција, таа му одговори на новинарот: „Ти знаеш подобро“.

Според ТМЗ, Афлек живее одвоено од Лопез веќе неколку недели. Бен се пресели од замокот на Беверли Хилс, вреден 60 милиони долари, кој парот го купи во 2023 година, и сега живее во изнајмен дом во Брентвуд во близина на неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер и децата од тој брак.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....