12:30 - 5 декември, 2025

Џенифер Лопез му помогна на Бен Афлек да ја поправи врската со поранешната сопруга: „Драмата од минатото веќе ја нема“

Џенифер Лопез му помогна на својот сопруг Бен Афлек да ги поправи односите со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер и да се справи со „драмата од минатото“, известува Дејли меил, повикувајќи се на свои извори.

Претходно, во медиумите се појавија фотографии на кои се гледа среќниот Бен Афлек во друштво на неговата поранешна сопруга (а со Лопез често изгледа толку мрачно што дури стана мајтап на Интернет). По ова, новинарите објавија дека овие фотографии ја направиле Лопез „апсолутно бесна“.

Сепак, според извор близок до Лопез, тоа не е така: изворот тврди дека токму таа му помогнала на Афлек да ги подобри односите со Гарнер и е многу задоволна од начинот на кој тие сега комуницираат.

„Џеј Ло им помогна да ја поправат врската“, тврди инсајдерот за Дејли меил. „Бен е добро. Драмата од минатото и емоциите од разводот одамна ги нема”.

Инсајдерот истакна дека Лопез и Гарнер се „пријателски располоени“ една со друга и дека сите нивни деца „се сакаат“.

„Ова е навистина многу среќен пример за заедничко родителство. Сè е навистина добро сега и така треба да биде во блиска и далечна иднина“.

Исто така, според изворот, Бен Афлек и Џенифер Лопез се уште се вљубени еден во друг. „Тие се навистина среќни еден со друг и нема драма во нивната врска во моментов“ – тврди изворот.

Потсетуваме дека Бен Афлек и Џенифер Гарнер се венчаа во 2005 година, а се разведоа во 2018 година. Актерите заедно имаат три деца, кои заедно ги одгледуваат. По разводот, во едно интервју, Афлек изјави дека почнал да пие затоа што бил несреќен во бракот, но подоцна, откако на него паднаа низа критики, тој постојано појаснуваваше дека не ја обвинува поранешната сопруга за сопствениот алкохолизам од кој конечно се ослободи.

Слични објави

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо
Се вчитува....