7.8 C
Скопје
22:54 - 30 март, 2026

Џенифер Анистон се разголе и откри сè – во мини градник на Шанел искрена како никогаш досега ФОТО

Џенифер Анистон, поранешната ѕвезда на „Пријатели“ на својата 53 годишна возраст се појавува на насловната страница на декемвриското издание на Allure, воодушевувајќи во мал градник на Шанел кој едвај ги покрива нејзините гради, додека ги покажува своите неверојатно затегнати стомачни мускули.

Во интервјуто, како што објави Дејли мејл, Анистон се разголе и емоционално – отворено зборува за нејзината долга битка да забремени, откривајќи дека „фрлила сè“ во битката со неплодноста, вклучително и IVF и „пиење кинески чаеви“.

Џенифер – која помина десет години глумејќи во хит серијата „Пријатели“, од 1994 до 2004 година – призна дека била премногу фокусирана на кариерата за да размислува за фактот дека во иднина можеби еден ден ќе сака да се смири и да има деца.

„Само се грижев за мојата кариера. И не дај Боже жената да биде успешна и да нема дете“, рече таа.

Таа ги критикуваше шпекулациите дека нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит „ја оставил затоа што не сакала да му роди дете“, инсистирајќи дека тоа се „апсолутни лаги“, но откри дека горко жали што никогаш не замрзнала јајце клетки.

„Би дала сè ако некој ми речеше: „замрзни јајце клетки. Направете си услуга“. Вие едноставно не го мислите тоа. Па еве ме денес. Бродот отплови“, рече таа.

Иако Џенифер во минатото навестуваше борби со неплодност, ова е прв пат таа да разговара толку отворено.
Актерката сугерираше дека еден ден ќе напише книга за нејзиното патување по неплодност, велејќи дека повеќе не се чувствува како да има што да „крие“.

Фотографиите од разголената Анистон може да ги погледнете тука.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....