6.8 C
Скопје
03:47 - 19 март, 2026

ЏЕНИФЕР АНИСТОН искрено за проблемот со кој СЕ БОРИ уште кога имала 30 години

џенифер анистон

Ѕвездата на „Пријатели“ откри дека со децении страда од проблеми со спиењето, а грижата дека не може да спие често и создава огромен стрес во текот на ноќта.

„Се плашам да поминам уште една ноќ броејќи ги пукнатините на ѕидовите. Со проблемот со несоницата се соочив во моите 30-ти, па дури и порано, но кога сме помлади едноставно не ги забележуваме последиците од недостатокот на сон и се чувствуваме непобедливо“, изјави Анистон во интервју за магазинот People.

„Јас го прифатив проблемот со несоницата, а потоа одеднаш почнувате да ги сфаќате последиците од недостатокот на сон и како тоа влијае на вашиот ден, на функционирањето на вашиот ум и на физичкиот изглед“, рече таа додавајќи дека во минатото често и се случувало да оди во сон.

„Колку повеќе се грижев за тоа, толку потешко ми беше да заспијам. Порано знаев да одам во сон, а од таква состојба ме будеа домашните аларми. Тоа стана нешто со кое навистина се борев“, актерката откри дека поради нејзиниот проблем решила да побара лекарска помош.

„Порано сонот беше последното нешто на мојата листа, но поради тоа не можете целосно да се придржувате до трите столба на здравјето – исхрана, вежбање и спиење. Не можете да вежбате и да јадете правилно ако не сте спиеле добро, бидејќи во тој случај телесниот часовник воопшто не функционира“, тврди Џенифер Анистон.

Слични објави

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.

Откриено што рекол во обвинителството: Сослушан менаџерот на Здравко Чолиќ поради бомбата фрлена врз куќата на пејачот

Еспресо
Се вчитува....