3.8 C
Скопје
23:37 - 10 март, 2026

(Видео) Џејми Фокс со солзи во очите им се обрати на фановите: „Поминав низ пекол“

Фокс беше хоспитализиран во април поради она што неговата ќерка Корин Фокс во тоа време го опиша како „медицински компликации“.

Американскиот актер, пејач и комичар Џејми Фокс (55) на Инстаграм објави дека се опоравува од тешка медицинска компликација.

„Поминав низ пекол и назад, а мојот пат до закрепнување има и некои дупки, но се враќам. Можам да работам“, вели оскаровецот кој видно е послаб, а низ солзи објасни низ што поминал во триминутно видео.

Фокс беше хоспитализиран во април поради „медицински компликации“.

„Едноставно не сакав да ме видите таков. Не сакав да видите како цевки излегуваат од мене и како се обидувам да сфатам дали ќе преживеам”, рече Фокс, заблагодарувајќи им се на својата ќерка, сестра, Бог и медицинскиот персонал што му го спасиле животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Foxx (@iamjamiefoxx)

Како што рече, поминал низ она што „мислел дека никогаш нема да го помине“.

„Постојано бев во солзи… затоа што беше тешко, човече, бев болен… но сега имам нозе, па ќе ме видите“, рече Фокс.

Фокс, роден како Ерик Марлон Бишоп во 1967 година во Терел, Тексас, беше стенд-ап комичар пред да стане добро позната телевизиска личност.

Тој освои Оскар за најдобар актер за неговата улога како Реј Чарлс во биографскиот филм „Реј“ од 2004 година и Греми награда во 2010 година за песната „Blame It“.

 

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....