12:46 - 13 ноември, 2026

Џејми Фокс обвинет за сексуално злоставување: Оскаровецот непристојно допирал жена во популарен ресторан

Американскиот актер, пејач и комичар, Ерик Марлон Бишоп, попознат како Џејми Фокс, е обвинет за сексуален напад и нанесување телесни повреди.

Во тужбата се наведува дека оскаровецот непристојно допирал жена во популарен ресторан на Менхетен во август 2015 година, пренесува Ројтерс.

Во тужбата поднесена до Врховниот суд во Њујорк, жената чиј идентитет не е наведен, тврди дека Фокс употребил сила за на навредлив начин да ја допира жената, откако таа и нејзин пријател му пришле и се фотографирале со него во њујоршкиот ресторан.

Во тужбата е наведено дека жената претрпела „физички и емоционални трауми, анксиознот, вознемиреност, срам и економска штета“ и затоа бара неодредена сума пари.

Според наводите од тужбата, Фокс бил во алкохолизирана состојба за време на инциденот. Претставниците на глумецот се уште не го коментираа инцидентот.

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....