15:11 - 12 април, 2026

Десингерица со возен парк од 2 милиона евра: За една година сменил повеќе од 10 луксузни автомобили

Српскиот рапер Драгомир Деспиќ, познат како Десингерица, за само нешто повеќе од една година се појавил со повеќе од десет различни луксузни автомобили, чија вкупна вредност, според проценките, се приближува до два милиона евра.

Како што откриваат негови колеги, иако јавноста често го гледа како „владетел“ на најскапите четири тркала, најголемиот дел од тие автомобили не се во негово сопствеништво. Тврдат дека пејачот ги изнајмува само за снимања и појавувања пред камери, наместо да инвестира во недвижност.

„Тој лечи комплекси од младоста. И понатаму е во таа фаза на покажување, сака да се фали со нови коли, а ниедна не е негова. Кој нормален би давал толку пари за автомобили што не ги ни поседува? Живее на периферија, подобро ќе беше да купеше стан наместо да изнајмува коли“, открива еден добро информиран извор од естрадата.

Особено внимание привлече кога на последното снимање на „Ѕвездите на Пинк“ пристигна со ферари вреден над 200.000 евра. Тоа беше само уште еден во низата спектакуларни болиди со кои се појавува во јавноста.

Не е познато дали барем дел од автомобилите навистина му припаѓаат, но познавачите велат дека најголем дел од нив се само реквизити за фотографирање и медиумски настапи.

„Нека си ја проживее младоста. Да не заборавиме, тој уште како тинејџер заработуваше како статист во емисии, глумеше во разни серии. Знае дека неговите пет минути не траат вечно, па сега користи сè што може. Во ’ѕвеЗДИТЕ НА ПИНК’ постојано зборува, привлекува внимание, тоа му е целта. И сам знае дека тоа брзо ќе помине“, додава изворот.

Слични објави

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо
Се вчитува....