4.8 C
Скопје
07:10 - 17 март, 2026

(Видео) Денес е погребот на рок-дивата Слаѓана Милошевиќ: Оваа нејзина песна беше забранета

Пејачката Слаѓана Милошевиќ ненадејно почина пред неколку дена, а денеска ќе биде погребана во 15 часот на гробиштата Лешче во Белград. Смртта на Слаѓана го потресе целиот регион, а рок-дивата почина во Земунската болница каде ги помина последните 10 дена од животот додека беше на лекување.

Во 1977 година се појави на рок сцената, а се прослави со песната „Ау, ау“ и истата година го имаше првиот голем настап на концерт во близина на Хајдучка чешма, каде што настапи пред Бијело Дугме. Во тој период пејачката почна да крши табуа со песната „Секси дама“, која подоцна беше забранета за радио и телевизиските станици.

Пејачка со специфичен изглед се појави на рок сцената под името Слаѓана Милошевиќ, но ретко кој знае дека нејзиното вистинско име е Александра.

За потсетување, близок пријател на Слаѓана истакна за српските медиуми дека во последно време, пред смртта, таа не сакала да се дружи со луѓе. Причина за тоа било влошувањето на нејзината здравствена состојба:

– Многу ми е жал што Слаѓана не сакаше да се дружи. Таа многу ги сакаше своите пријатели, таа е некој што секогаш ти пишува: „Што правиш или како си“ затоа што многу ги сакаше луѓето. Болеста ја направи непрепознатлива. Се исуши, едвај излегуваше од дома и се погрижи никој да не ја види кога одела во болница на прегледи. Знам дека им се пожали на некои за тоа како ја третираат во болница. Не верувам дека се било бајковито и прекрасно, но не верувам и дека некој што е доктор сака да малтретира пациент. Се разбира, денес има се и којзнае која е вистината, но навистина се надевам дека немало ништо што било навистина морничаво. Секако дека нејзиното заминување е голема загуба – објасни пријателот на Милошевиќ.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....