6.8 C
Скопје
02:14 - 7 октомври, 2026

Драгана Мирковиќ откри со колку мажи била пред Тони: Ми беше срам што ќе каже народот

Драгана Мирковиќ откри дека по 24 години се разведува од сопругот Тони Бијелиќ со кој има две деца Мануела и Марко.

Драгана во една прилика открила дека се плашела дека нејзиниот сопруг ќе се посомнева дека таа е жена со лесен морал и признала со колку мажи била пред него, пишува српски „Блиц“.

– Тони ми беше четврто момче. Не можам да лажам дека сум имала десетина, а не сум имала – изјавила тогаш пејачката и додала:

– Не сакав луѓето да кажат „сега е со овој, па сега е со оној“… Се срамев што ќе кажат луѓето и можеби тоа ме спречи да имам повеќе партнери во мојот живот. Можам жестоко да се вљубам, а со текот на времето баш да го засакам партнерот. Последното момче што го имав пред Тони не беше личност за брак, иако така јас мислев. Тоа навистина ме растажи, но кога ќе погледнам од оваа дистанца, не жалам. Пресреќна сум што Тони влезе во мојот живот. Тој е мојата вистинска љубов, можам со него да одам и до крајот на светот – изјавила тогаш Драгана и открила дека таа и Тони имале интимна општинска венчавка во Виена.

– Сето тоа протече скромно. Нашата земја беше под санкции, па никој од моето семејство не можеше да дојде, бидејќи не добија виза. Затоа имавме малку гости на венчавката. Дури и семејството на Тони беше спречено да дојде, така што бевме само дваесеттина – се присетила тогаш Мирковиќ и додала:

– Без разлика што на венчавката ми недостигаа моите најблиски, сепак, тоа беше најубавиот ден во мојот живот. Едноставно бев среќна и тоа во тој момент ми беше доволно.

Единствената врска на Драгана позната на пошироката јавност беше онаа со естрадниот менаџер Зоран Башановиќ. Тие беа во љубов во текот на деведесетите и тогаш тајно се венчаа во Америка.

– Драгана и јас се венчавме во капела во Лас Вегас, но таа венчавка никаде не е заведена и не важи – открил во една прилика Башановиќ.

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ избега од вревата за разводот на родителите: Еве каде го најде спокојството

 

 

Слични објави

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ се спакува и замина од родното Смедерево: Сега покажа како изгледа нејзиниот стан во Белград

Еспресо

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С
Се вчитува....