2.8 C
Скопје
17:28 - 22 декември, 2024

Дејвид е многу лут: Нови детали од кавгата меѓу Бекам и Меган Маркл

Принцот Хари и неговата сопруга биле пријатели со Викторија и Дејвид Бекам, но пријателството завршило по лажни обвинувања.

Дејвид и Викторија Бекам биле добри пријатели со принцот Хари и воопшто со кралското семејство уште пред неговиот брак со Меган Маркл. Тие присуствуваа на кралските свадби и на сите важни настани на кралското семејство. И кога Меган стана член на кралското семејство, тие ја поддржаа откако се пресели во Велика Британија од САД. Но, сега пријателството заврши, пишува Њујорк Пост.

Згора на тоа, овие односи завршиле на најскандалозен начин.

Според анонимен инсајдер, неодамна помеѓу Дејвид Бекам и принцот Хари имало телефонски разговор, по што фудбалерот бил „бесен“.

Бекам, имено, бил обвинет од Меган Маркл за „протекување“ на некои информации за војводите од Сасекс кои завршиле во таблоидите.

Инсајдерот за Њујорк пост тврди дека Дејвид бил „апсолутно бесен“ откако обвинувањата наводно дошле за време на напнатиот телефонски разговор меѓу двете семејства.

„Помирувањето сега е малку веројатно“, вели инсајдерот. Сепак, ниту една од страните се уште не се изјаснила што навистина се случило за до толку да се скараат.

Сепак, Меган Маркл сè уште има многу влијателни пријатели кои ги стекна откако се омажи за принцот Хари, се пресели во САД и се насели во Монтесито.

Меган Маркл се дружи со Викторија Џексон, козметички магнат, а имотот на Џексон и нејзиното семејство се наоѓа веднаш до домот на војводите од Сасекс.

„Викторија е движечка сила. Таа изгради бизнис, но и ги надмина неволјите во нејзиниот личен живот. Таа и Меган се поврзани на многу нивоа. Тие се многу блиски, се обожаваат една со друга“, вели инсајдерот.

Се шпекулира дека поранешната актерка од Suits е пријателка и со фризерката Аманда Леоне, како и со холивудскиот магнат Ари Емануел, извршен директор на Вилијам Морис Ендевор и неговата сопруга, модната дизајнерка Сара Стаудингер.

„Ари и неговата сопруга се дел од новата пријателска група на Меган. Меган има тесен круг на пријатели кои се многу заштитнички насроени кон неа”, тврди изворот.

Ексклузивниот внатрешен круг на Меган е наречен „Монтесито мафија“ од страна на еден холивудски агент. Се шпекулира дека кругот пријатели ги вклучуваат и Опра Винфри, Гејл Кинг, фотографот Мисан Хариман и поранешните колешки на Меган од Suits, Сара Раферти и Абигејл Спенсер.

Истакнатата активистка Глорија Стајнем, исто така, стана блиска пријателка со војвотката, доделувајќи ѝ ја на Меган наградата Women of Vision само неколку часа пред парот да биде вклучен во наводното „речиси катастрофална“ бркање со автомобил од папараците во мај.

Од друга страна пак, како и семејството Бекам, уште една ѕвезда – сосетка на Хари и Меган во Монтесито, која била во кругот на таканаречената „Монтесито мафија“ се скарала со скандалозниот пар. Станува збор за поп-ѕвездата Кети Пери, која настапи на крунисувањето на кралот Чарлс Трети и со тоа јасно зазела страна.

Инаку, војвотката од Сасекс е позната по тоа што „престанува да комуницира со оние кои повеќе не ѝ требаат“. Така, дури и нејзиниот татко влезе во „црната листа“.

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....