6.8 C
Скопје
02:22 - 31 март, 2026

Децата на Де Ниро со морничава порака до асистенката која го тужи глумецот: „Ити, одвратно суштество…“

Поранешната асистентка на Роберт де Ниро, Греам Чејс, добила порака во која пишувало дека таа е „одвратно мало суштество“. Нејзините адвокати тврдат дека Чејс ја добила оваа навреда од децата на познатиот актер.

Во Федералниот суд во Њујорк се води случај меѓу Роберт Де Ниро и неговата поранешна помошничка Греам Чејс која ја тужеше холивудската легенда и неговата продукциска куќа „Канал продукција“ за родова дискриминација и кршење на Законот за човекови права во Њујорк.

Адвокатите на Греам Чејс рекоа дека навредливата порака стигнала до неа претходната вечер и дека содржината била прочитана пред судот денес.

„Одвратно мало суштество. Немаш ништо попаметно да правиш освен да му го уништуваш животот на осумдесетгодишник. Се надевам дека ти и твоето семејство ќе страдате исто колку што страдаат другите поради тебе“.

Се додава дека во пораката Греам била опишан како „гнасна измамничка“.

Иако не се знае кој точно ја испратил пораката, осомничени се децата на Роберт Де Ниро.

Греам Чејс го тужи Де Ниро и бара отштета во износ од 12 милиони долари. Во обвинението се наведува дека нејзиниот поранешен шеф (Роберт Де Ниро) бил „морничав шеф“ кој барал од неа да го чеша по грбот, како и дека бил вербално агресивен и „врескал по неа“.

Претходните денови во судот, девојката на Роберта Де Ниро зборуваше за поранешната асистентка и ја нарече „злобна, опсесивна и психотична“, а легендарниот актер неколку пати го крена гласот додека одговараше на прашањата на адвокатот на поранешната асистентка.

Судењето ќе трае уште најмалку две недели, пишува „Дејли мејл“.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....