15.8 C
Скопје
17:28 - 3 март, 2026

(Фото) Децата на Бред Пит и Анџелина Џоли „уловени“ на прошетка: Шаренолика, но среќна дружина

Четворицата тинејџери уживале во прошетка на калифорниското сонце.

Пакс (19), Захара (18), Шајло (17) и Нокс (14) беа фотографирани додека одат во кафето Мару на ладни пијалоци во Лос Фелиз, пишува PageSix.

Шајло во едната рака држеше леден чај, а во другата ледено кафе, облечена во црвена качулка од Stüssy, црни тексас шорцеви и црни високи патики Converse.

Пакс и Нокс беа идентично облечени во маици и темни панталони, иако постариот брат носеше привезок во форма на вонземјанин и очила за сонце. Захара пак, остана дискретна во црн дуксер со качулка, сини фармерки, а лицето го покри со црна маска.

твитер

Другите две деца на поранешната ѕвездена двојка, 21-годишниот Медокс и 14-годишната Вивиен, не беа видени на семејното излегување.

Пит (59) и Џоли (48) заедно одгледаа шест деца додека не се разделија во 2016 година по 12 години брак. Американската актерка поднела барање за развод неколку дена откако Бред наводно се скарал со неа и нивните деца во приватен авион. Пит беше обвинет дека го „гушел и удрил“ нивниот син Медокс на летот од Франција до САД, иако против него никогаш не било покренато обвинение. Ѕвездата ги негираше обвинувањата.

 

Слични објави

(Фото) Спасен Силјановски на одмор, ужива во убав спа центар со семејството

Еспресо

Џастин Тимберлејк со тужба против објавување на снимката од апсењето за возење под дејство на алкохол

Еспресо

Ѝ пропадна бизнисот на Ана Ивановиќ: Вложи три милиони евра, ама нема интерес за нејзината природна козметика

Еспресо

(Фото) Теодора Џехверовиќ го покажа својот скриен талент, сите се воодушевени

Еспресо

(Фото) Каков фраер е синот на Харис Џиновиќ: Кан се набилда и пушти брада, ги остави жените без зборови

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ сподели радосна вест: Малата Арија наполни шест месеци

Еспресо
Се вчитува....