05:21 - 13 април, 2026

Дарко Лазиќ се огласи откако се дозна дека ќе пее на лажна свадба: Јавноста шокирана, а тој едвај чека

Пејачот Дарко Лазиќ се огласи откако стана познато дека на 28 декември ќе настапи на „лажна свадба“ што ќе се одржи во Нови Сад. На настанот ќе има лажни младенци, лажни кумови, а присуство ќе може да земе секој што сака да биде дел од оваа необична прослава.

Според Дарко, овој настан може да биде повесел од вистинска свадба.

„За мене ова е настап како и секој друг. Изгледа дека луѓето решиле прво да видат како изгледа ‘лажна свадба’, па потоа да планираат вистинска (се смее). Верувам дека тука ќе биде подобра атмосфера отколку на свадба со вистински младенци, затоа што гостите ќе бидат поопуштени и нема да се стресуваат околу тоа како ќе помине сè“, изјави тој, додавајќи дека најважно е да постои причина за славење.

„Во денешно време луѓето водат премногу ‘лажни животи’, па зошто да не направиме и ‘лажна свадба’ и сите заедно да се израдуваме? Битно е да има повод за веселба“, рече пејачот.

Новитетот предизвика шок во јавноста, додека Дарко очигледно со нетрпение го очекува настапот.

Инаку, овај бизарен тренд на организирање лажни свадби станува сè попопуларен во Србија. Влезот се наплаќа 70 евра, а настанот е „all inclusive“.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....